Џастин Бибер го продаде целиот свој музички каталог за 200 милиони долари

Џастин Бибер ја почна својата музичка кариера како тинејџер.

Во текот на годините има издадено шест студиски албуми, заедно со безброј синглови. Тој има продадено 150 милиони плочи во светот, што го прави еден од најуспешните уметници во историјата.

Сега тој го продаде целиот свој музички каталог, кој вклучува песни од целата негова 15-годишна кариера, за неверојатни 200 милиони долари.

Компанијата денеска го објави договорот, вреден повеќе од 200 милиони долари, откога минатиот месец се појавија извештаи дека канадската ѕвезда склучува на договор за продажба на неговата музика.

Тие претходно постигнаа договори со Бери Манилоу и Бијонсе, но купувањето на каталогот на Бибер наводно е најголемата сума за која компанијата некогаш преговарала, пишуваат странските медиуми.

25.01.2023 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа