Единствена Македонија до Ковачевски: Важи ли уште твојата покана до Мизрахи да одите на отворање на македонски клуб во Благоевград

 

Единствена Македонија ја осуди Декларацијата на Советот на Општина Благоевград со која се забранува отворањето на македонски клуб „Никола Вапцаров“ именуван по славниот македонски поет.

„Зачудувачка одлука на македонските јаничари во Благоевград  кои не издржале во историјата во услови кога секојдневно никнуваат бугарски клубови во Македонија. Да потсетиме, македонскиот премиер Димитар Ковачевски на 28 април годинава во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање на Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ рече дека планира да се отвори македонски клуб во Благоевград и притоа ја покани пратеничката Мизрахи да појде со него на отворањето на клубот. Затоа, јавноста има право на одговор на најмалку две прашања, прво, дали сеуште важи поканата на Ковачевско до Мизрахи, и второ, што ќе преземе Ковачевски по оваа најнова провокација на шовинистичка и фашистичка основа спрема Македонците во Пиринска Македонија со ускратувањето на основното човеково право и слобода на здружување гарантирано во сите демократски држави“, велат од партијата.

Единствена Македонија вели дека одговорот е однапред познат.

„А што може да се очекува од една марионетска власт со агенда за рушење на се што е македонско и со отсуство на институционален капацитет за справување со активностите на антимакедонска основа. Во целата лоша работа, добро е што се гледа крајот на марионетската власт. Доаѓа ново време, време на народна власт. Мора да има одговорнсот, и ќе има за секој кој работи против македонскиот народ и македонската држава“, порачаа од партијата.

18.10.2022 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега