Последен пресек: Активни четири, седум пожари под контрола

 

Активни се четири пожари на отворен простор заклучно со 21:00 часот, од вкупно 21 во текот на денешниот ден, информира вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се 10, а под контрола се седум пожари на отворено.

ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во Општина Прилеп кај с. Бешиште, местoто викано Бешишки Рид, другиот крак према с. Градешница гори мешана шума, во Општина Македонски Брод 4 кај с. Црешнево гори ниска вегетација и во Општина Штип кај с. Драгоево и с. Селце каде горат нискостеблеста шума, прнар и сува трева.

Под контрола се ставени пожарите во Општина Прилеп помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани, местото Радобилски Рид каде гореа мешана шума и нискостеблеста вегетација, во Општина Македонски Брод кај с. Латово, м.в. Маркова Стапалка гореше грмушки и сува трева, во Општина Желино помеѓу с. Церово и с. Групчин гореше нискостеблеста и деградирана шума, во Општина Македонски Брод 1 помеѓу с. Локвица и с. Крапа гореа деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, во Општина Македонски Брод 2 кај с. Грешница гореше мешана шума и сува трева, во Општина Македонски Брод 3 кај с. Латово гореше мешана шума и во Општина Ресен кај с. Долно Перово гореше трска и ниска вегетација.

24.07.2025 - 22:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега