Единствена Македонија: Референдум во овој момент е голем ризик

Единствена Македонија смета дека организирање на референдум во врска со македонско-бугарскиот спор е голем ризик, а исто така ги објасни причините за нивниот став.

„Не  е спорно дека Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи. Но, во таков случај многу е веројатно дека марионетската влада на СДСМ и ДУИ ќе повика на бојкот со што реално се шансите референдумот да не успее.

За успешен референдум треба да излезат повеќе од половината од вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список. Со бројки, од 1. 814.263 запишани гласачи, на референдумот треба да излезат најмалку 907.131 гласачи. Во успови на бојкот од власта, оваа бројка е тешко да се достигне бидејќи уште од сега е јасно дека околу 450.000 припадници на малцинствата (Албанци, Турци, Бошњаци, Власи, Роми...) ќе го прифатат повикот за бојкот и нема да излезат. Дополнително, со агитирање, закани и уцени од владата на СДСМ спрема членството, симаптизерите, администрацијата, приматели на социјална помош...реално е да се спречат да излезат повеќе од половината запишани во избирачкиот список и референдумот да биде неуспешен.

Затоа, Единствена Македонија во моментот повикува на стрпливост во борбата против антимакедонското поведение на марионетската власт. Сега треба цврсто да се опстои на определбата за неменување на уставот за што е потребно двотретинско мнозинство кое власта го нема, а предуслов е сите опозициски пратениции да не потклекнат на евентуален поткуп, уцени и закани од власта. По преземањето на власта од опозицијата на следните избори кога и да се одржат, да се распише референдум од позиција на власт и гласачите без уцени и закани слободно да ја изразат својата волја“, велат од Единствена Македонија.

18.07.2022 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега