Ердоган и Путин утре ќе имаат средба во Сочи

 

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, утре во Сочи ќе разговараат за енергетиката и за проширување на трговско-економските врски, соопшти Кремљ.

Тоа ќе биде втора средба меѓу Ердоган и Путин за 17 дена, откако претходно се сретнаа во Техеран, на трилатерална средба со претседателот на Иран, Ебрахим Раиси.

Како што е најавено, рускиот претседател со турскиот колега ќе разговара за актуелните теми од меѓународната агенда.

04.08.2022 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа