ЕВН најави исклучувања - проверете дали сте на списокот
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без струја во одредени временски периоди ќе бидат неколку улици во општините Гази Баба и Кисела Вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по ЕВН Македонија АД.
Во периодот од 06:30 до 12:00 часот, струја нема да имаат дел од ул. Перо Наков фирмите, Јогомеркур, Осоговски, Макохемија, Стокомак, објектите до Стокомак на ул.Перо Наков, Златно Жито и Потрошувачите на ул, Маџари во општина Гази Баба, а во периодот од 08:00 до 11:00 часот, дел од од Н.Припор, по главната улица Христо Татарчев во општина Кисела Вода.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација соопшти дека денеска поради промена на шибер ф 100 мм на ул.Карл Либкнехт бр.84 од 09:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Карл Либкнехт, Анри Барбис, Темко Попов и дел од Карл Хрон во општина Гази Баба се до завршувањето на зафатот.
Во периодот од 08:00 часот поради санација на усисна цевка во ПС Моране (викенд населба) можно е да има мал прекин на водоснабдување во с. Моране, во Општина Студеничани се до завршувањето на зафатот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа