Европол уапси 57 педофили за сексуално искористување деца, четворица од нив се учители

Петмина педофили се уапсени во Хрватска во меѓународна акција, соопшти хрватското МВР. 

Акцијата била спроведена лани, но во соопштението се вели дека податоците можеле да се објават дури сега, кога е утврден идентитетот на петмината осомничени кои споделувалње содржина за сексуална злоупотреба на деца на подрачјето на три полициски оддели. 

Во два случаи е утврдено дека сторителите биле странски државјани кои привремено престојувале во Хрватска, па натамошната кривична истрага е продолжена преку меѓународна полициска соработка.

Утврдено е дека сторителите поставиле и споделиле вкупно повеќе од 46.000 датотеки кои прикажуваат сексуална злоупотреба на деца.

Вкупно 57 мажи од сите општествени слоеви биле уапсени во текот на септември како дел од акцијата на Емпакт поддржана од Европол, а тие се осомничени дека ширеле материјали за сексуална злоупотреба на деца користејќи мрежи „peer-to-peer“.

Осомничените се на возраст од 23 до 72 години, а нивната просечна возраст е 49 години. Четворица осомничени се учители, а еден работи со деца со посебни потреби, што ја прави акцијата уште позначајна, се вели во соопштението.

Некои од уапсените имале директен контакт со деца благодарение на нивната професија, а десет од нив имале свои деца.

Најмалку едно дете било спасено од континуирано физичко малтретирање, додека другите деца може да се сметаат за спасени од потенцијална злоупотреба.

Покрај Хрватска, во акциите против сексуалните злоставувачи на деца учествуваа уште 26 европски земји.

08.03.2024 - 21:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега