Кривична за кумановски газда и менаџер на локал - пуштале музика додека Македонија жалеше

 


СВР - Куманово поднесе кривична пријава против Е.М. и А.Р., на возраст од 35 и 25 години, двајцата од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „организирање на отпор“.

На 22 март, пријавените, во својство на сопственик и управител на угостителски објект и менаџер на угостителскиот објект, пуштале гласна музика и на тој начин, не ја почитувале одлуката на Владата на Република Северна Македонија за денови на жалост по повод трагичната несреќа во Кочани.

 

18.05.2025 - 13:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега