Мицкоски: Таравари ќе се врати, едвај го чекам тој ден

 


Со среќа нека му е на Таравари, тој го одбра својот пат. Никој никому не може да направи толкава штета како што човек може сам на себе си да си направи. Тоа имам нему и на сличните нему да им порачам. Ќе дојде денот кога пак ќе се сретнеме, дали преку ВЛЕН или во други комбинации ќе се обиде да повторно да влезе некако во коалиција со нас, но едвај го чекам тој ден, да сме живи и здрави верувајте ми и тој ден ќе го дочекам, рече денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМЕ.

 Го гледам, истаклна Мицкоски, иако гласно не го коментирам она постојано заканување кое доаѓа од еден лик од албанската опозиција кој знае дека после овие избори го чека пензија.

- Што се однесува до заминувањето на Таравари од Владата е еден потсетник за сите нас дека додека ние настапуваме искрено и принципиелно кон луѓето и промените, тие не се заинтересирани за идеја, визија и промени, туку за нешто друго. Сакам да му порачам дека неговите калкулации на долг рок нема да му испаднат добро за неговата партија. И дека со ваквото однесување на излегување и влегување во влада, кое е рамно на она "како до сега"нема да помине долго кога и неговите сегашни партнери од ДУИ ќе сфатат дека нивното партнерство е со времен карактер додека некој не му даде подобра понуда или не го уцени за нешто што му е побитно од ова сега. Јас таква политика не водам. Можеби звучам наивно, но како што секогаш говорам промените започнуваат од нас, и ние треба да бидеме она што сакаме да го постигнеме, и тоа што граѓаните го очекуваат од нас, искрени луѓе, кои нема да калкулираат и да играат игри, и преку интигри, уцени, злоупотреби ќе се одржуваат на власт, туку ќе ја кажуваат вистината секогаш и ќе бидат принпципиелни и доследни на својот збор. Ако не сме доследни на зборот, тогаш џабе ни е се. И јас таков и ќе бидам, рече Мицкоски. 

Како што дополни, многумина ми велеле откачи го брзо Таравари, тој сака да седи на две столици, да остане во владата, а истовремено ДУИ да му поддржи пет градоначалници, преку некандидирање на свои и така да го засили во базата, тоа што ДУИ го бара од него е да објави дека на листата на советници ќе оди сам, за да можело ДУИ да брои советници во однос на ВЛЕН. Замислете каква стратегија? Како бројот на советници да треба да ме убеди мене дека треба да ги земам од ДУИ во владата а не принципи, програма, и заеднички цели!? Зарем тие мислат дека јас ќе заборавам како Бујар Османи го продаваше мојот македонски идентитет? Одлучил Арбен да биде маша на ДУИ и да го одржува во политички живот сите оние за кои тој лично најлоши работи има зборувано, штета. Но како одлучиле така нека тераат, јас не сум загрижен само може да бидам разочаран, но ова нема да ми ја промени вербата во луѓето и во нивниот збор, порача Мицкоски. 

На пријателите кои му велеле побрзо да го тргне од владата, им велел - Ако, оставете го Таравари нека размислува, нека се врти како риба прескочица на суво, нека измислува изговори, па да видам како ќе проба да ја префрла топката вината што си оди да е кај нас, па да видам како ќе ме погледне во очи после се низ кое јас и тој како пријатели сме поминале.

-  Срамот е кај него, тој треба да се објаснува а не јас. Нас ни е душата и совеста чиста. Кај мене зборот е збор, ако дадам збор и ветам мора да исполнам, дури и по моја штета не можете секогаш во животот да добивате, некогаш и ќе гудите. Тоа не прави разичи. Но, очигледно ДУИ има свои методи на убедување. Заеме сите кои се тие. Изгледа Ахмети е толку речит и мудар политичар штом вака лесно импресионира еден квалитетен доктор да направи ваква вратоломија и да ризикува за две, три години од сега неговата партија да биде маргинализирана, а неговите луѓе заборавени или претопени во ДУИ, затоа што ако сега во ВЛЕН немале простор како што вели Травари, каков ли простор ќе имаат кога ќе влезат во партнерство со Артан, со Бујар, со Села, и со останатите, како  ли ќе седат таму и ќе можат да ги гфледаат во очи после сето тоа што го зборуваа пред мене. Но ете тој си има своја калкулација. Или пак Али е нешто посебно убедлив и го воодушевил, импресионирал, да не речам магепсал и одлучил така дека поважно е да има пет градоначалници и да им направи услуга на ДУИ, отколку да држи збор и принципи. Некој ќе рече се си има своја цена, но тоа не важи за мене. За мене зборот и принципите немаат цена. Но тоа е што е, наведе Мицкоски. 

Најави дека Владата продолжува уште појака и уште пообединета во следната фаза на наше организирање.

- И оваа битка против политичарите кои користат интриги, уцени, корупција, и од кои на граѓаните им е преку глава, ќе продолжи, затоа што ова не е етничка или верска битка“. Не е ниту идеолошка. Туку ова е една битка на едно базично ниво, на бандити од едната страна и Македонија и сите нејзини чесни граѓани, Македонците, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци и останати на другата страна.  Со среќа нека му е на Таравари, тој го одбра својот пат. Никој никому не може да направи толкава штета како што човек може сам на себе си да си направи. Тоа имам нему и на сличните нему да им порачам. Ќе дојде денот кога пак ќе се сретнеме, дали преку ВЛЕН или во други комбинации ќе се обиде да повторно да влезе некако во коалиција со нас, но едвај го чекам тој ден, да сме живи и здрави верувајте ми и тој ден ќе го дочекам, рече Мицкоски.

Во обраќањето Мицкоски говореше и за претстојните локали избори,  реформите во државата, договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство, трагедијата во Кочани.

18.05.2025 - 15:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега