Падна на граница: Албанец баран со потерница од Кавадарци уапсен на „Ќафасан“

 


Вчера во 17:05 часот на граничен премин „Ќафасан“, на влез во државата, полициски службеници го привеле Ф.А., на возраст од 69 години од Република Албанија, со привремен престој во Кавадарци, затоа што при гранична контрола било констатирано дека бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд - Кавадарци за издржување на затворска казна во Казнено - поправната установа „Затвор - Идризово“.

Лицето било спроведено во установата за издржување на казната. 

18.05.2025 - 14:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега