Фановите згрозени од домашната канцеларија на Деми Мур: „Ова купатило дефинитивно е проклето“ (ФОТО)

Фановите на Деми Мур се згрозени откако објави фотографија од домашната канцеларија - купатилото.

Во промоцијата на нејзиниот нов поткаст, 57-годишната актерка споделила фотографија од купатилото во кое има и кауч.

„Возбудена сум што конечно со вас го споделувам она на што работам. Првата епизода #DirtyDiana излегува во понеделник, на 13-ти јули“, напишала покрај фотографијата на која седи на каучот, со лаптоп на столица, а позади неа се гледа и WC школката.

 
 
 
View this post on Instagram

Excited to finally share what I’ve been working on! First episode of #DirtyDiana drops Monday, July 13. Trailer in bio

A post shared by Demi Moore (@demimoore) on Jul 8, 2020 at 8:17am PDT

Во просторијата има и тепих, а позади актерката има и мијалник и многу козметички производи. Каучот со цветен дезен порано стоел во нејзината дневна соба, според фотографиите кои ги објавувала за време на карантинот.

„Ова купатило дефинитивно е проклето“, „Ова е најчудното купатилот кое некогаш сум го видел“, „Имам толку многу прашања“, „Деми???“, се само дел од коментарите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега