Фатени 9 пијани возачи на територијата на СВР Битола

Во текот на изминатата вечер  (27/28.05.2023)во периодот од 21.00-03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата  санкционирани се 9 возачи. Од нив 5 на територија на  Битола ,  3 во Ресен и 1 во Македонски Брод .За време на контролата биле санкционирани и 4 други видови прекршоци.

 Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

28.05.2023 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа