Филипче: Обезбедени 833.000 вакцини против коронавирусот - вакцинирањето нема да биде задолжително

Со овој процес на вакцинација започнува последната фаза на оваа пандемија. Еден крајно тежок период во целата светска историја. Сакам да информирам дека започнавме интензивни подготовки со цел да го припремиме здравствениот систем да имаме ефикасен систем на вакцинација. Денес се состана и координативното тело коешто е задолжено за организација и спроведување на вакцинацијата и во наредниот период ќе имаме распоред со чести состаноци и ќе соопштуваме за одлуките, кажа министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

„Во делот на набавка на вакцините веќе се обезбедени 833.000 вакцини за 400.000 граѓани, заради тоа што ќе се вакцинираат со две дози, преку КОВАКС механизмот, тоа е механизам на СЗО во којшто учествуваат сите соседни земји. Во рамките на овој систем ќе ги добиваме вакцините согласно планот за дистрибуција којшто КОВАКС ќе го одреди.

Покрај овој механизам веќе доставивме барање за директни договори со две светски комапнии за нивните вакцини и после иницијалните нивни одговори ја чекаме дефинитивната потврда дека дополнителна количина ќе можеме да набавиме директно од компаниите.

Третиот механизам е механизмот којшто го понудија дел од земјите членки на ЕУ. Имено од нивните директни билатерални договори со дел од компаниите беа договорени беа договорени 400 милиони дози за граѓаните на земјите членки на ЕУ, од кои 100 милиони беа наменети за земјите коишто не се членки на ЕУ. Иницијална понуда добивме од Полска. Понатаму преку премиерот Моцтакис до премиерот Заев до Грција.

Што се однесува до процесот на вакцинација, денеска донесовме неколку одлуки, првото е дека вакц инацијата ќе се нрши во постоечките наши капацитети пунктовите и болниците. Ќе се спроведе брз процес на премин, сите здравствени работници ќе бидат соодветно обучени. Нашите здравствени работници имале искуство од други вакцини од друг тип, што значи дека веќе имаме соодветна експертиза.

Вакцинацијата на спцифичните групи и здравствените работници ќе се врши во јавните здравствени установи.

Најпрво дозволете да кажам дека донесена е одлука дека како приоритет ќе се вакцинираат сите здравствени работници кои работат во ковид центрите, потоа оние кои работат со земање брисеви, потоа граѓаните над 65 години и пациентите со хронични болести и кардиоваскуларни болести, вработените во критичната инфраструктура и секако во транспортот.

Епидемијата е се уште многу силна. Има навистина многу голем број на заразени. Пред нас е период на семејни собири и слави. Апелирам сите да се воздржиме од такви прослави. Сигурен сум дека следната година новогодишните и сите други празници ќе се слават како што тоа било порано. Да не се групираме заради тоа што тоа е најефикасниот начин на спречување на зараза“, кажа Филипче.

Децата нема да се вакцинираат, рече д-р Милена Стевановиќ, а Филипче додаде дека таа не нема да биде задожителна и ќе биде бесплатна за граѓаните.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега