Филипче: Преговараме со кинески производители на вакцини

Кинеските производители на анти-ковид вакцина „Синовак“ и „Синофарм“ се сериозна опција за набавка на дози во земјата, изјави  министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за „360 степени“.

Контактот со тамошните компании е остварен со помош на амбасадата на Кина во земјава, но Филипче, истовремено, нагласи дека здравствени власти не отстапуваат од останатите два правца за неопходниот производ во борбата против коронавирусот – Ковакс механизмот на Европската Унија (ЕУ) и преку „Фајзер“ од соседна Србија.

 

– Во очекување сме на детали од договорот што верувам дека ќе ги имаме до крајот на оваа недела, а се однесуваат на цената и на испораката. За рокови не би сакал да зборувам. Производителите кои први излегоа на пазарот, како „Фајзер“, се соочуваат со проблем со капацитетите, а повеќе европски држави најавија и тужби поради неисполнување на договорените нарачки. Хрватска, на пример, го прекинува процесот на имунизација. За да осигураме интегрален процес на вакцинација, принудени сме да работиме на сите полиња“, истакна Филипче во интервјуто.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа