Филиповски: Нов парк, зеленило и почисти населби во Аеродром

 

Рамномерно, по сите населби во Аеродром, ќе бидат засадени повеќе од 2.000 високококвалитетни дрвја. Исто така, планирана е изведба и на нов парк, на површина од 5.000 м2, од популарното „авионче“ до автобуската постојка на последна „5 – ка“. Кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром, Александар Филиповски денеска презентираше дел од проектите за заштита на животната средина и зголемување на зеленилото.

Филиповски посочи дека во соработка со градот Скопје, ќе биде затворен и Усјанскиот канал.

-Овој потег ќе прерасне во рекреативна зона за аеродромци, каде што ќе можат да поминуваат дел од своеото слободно време. Ова е вистински пристап за трајна заштита на овој јавен простор, рече Филиповски.

Еден од главните предизвици е и унапредувањето на јавната хигиена. Програмата „Најдоброто за Аеродром“ предвидува и целосна реорганизација на комуналните служби. Тоа подразбира и зајакнување на човечките капацитети, поголема контрола на терен, но и зголемување на механизацијата.

Затоа ќе бидат набавени нови цистерни за миење на сервисните улици, плочниците меѓу зградите и другите јавни површини.

-Нашата намера е да создадеме чиста и зелена општина која ги задоволува потребите на сите граѓани.Ја барам Вашата поддршка, за зелен и чист Аеродром, истакна Филиповски.

Во програмата се предвидуваат и други мерки за поголема заштита на животната средина: субвенции за замена на нееколошките системи за греење, изградба на станица за селекција и компостирање на отпад, поставување на вендинг машини, еко – акции и др.

28.09.2021 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега