Фон дер Лајен: Европа не толерира агресија

 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Гранада пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница изјави дека се испраќа порака до претседателот на Русија дека Европа не толерира агресија врз суверена држава.

„Ова е силна порака до Путин, од Даблин до Кишињев, дека не толерираме агресија врз суверена држава“, изјави Фон дер Лајен за новинарите пред конференцискиот центар каде што се одржува Самитот.

Таа рече дека по трет пат фокус на Самитот ќе биде Украина, но и енергетиката.

Како што рече, Европа минатата година имаше енергетска криза поради руската уцена кога се во прашање фосилните горива, но сега цените паднаа и се создаде заедничка платформа за набавка на гас.

„Тоа е успех што може да се види бидејќи не само што се приклучија 27 членки, туку и други европски земји како Норвешка, Молдавија, Украина и Србија“, рече Фон дер Лајен и нагласи дека мора да се намали зависноста на Европа од руските фосилни горива и дека континентот се свртува кон обновливите извори на енергија.

05.10.2023 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега