ФОТО: Фановите изненадени - Влатко Стефановски во друштво на принцот Чарлс

Македонската гордост, виртуозот на гитара, Влатко Стефановски деновиве на својот Инстаграм профил сподели фотографии со кои изненади многумина.

Пред 23 години принцот Чарлс беше во посета на Скопје, а во таа прилика се сретна и со Стефановски, а гитаристот горд објави фотографии од средбата.

Она што го потсети на средбата која се случила во скопскиот хотел „Континентал“ каде принцот организирал коктел, беше тоа што завршил со гледање на серијата „Круна“.

„Само што завршив со гледање на „Круна“, па решив да ги споделам фотографиите од средбата со неговото височество, принцот од Велс, што се случи во ноември 1998 година. Како сувенир, тогаш му го подарив мојот најнов албум „Џипси меџик“ напиша Влатко во описот од објавата.

Фановите воодушевени од фотографиите во коментари му пишуваа дека тоа била средба меѓу принц и крал. „Браво, легендо“, „Сигурно нему му било чест да те запознае тебе“, се само дел од коментарите под фотографиите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега