ФОТО: Ковачевски се ракувал и разговарал со Бајден на Самитот на НАТО во Вилнус
Премиерот Димитар Ковачевски на својот официјален фејсбук профил објави фотографија со американскиот претседател Џо Бајден. Ковачевски во објавата вели дека разговарале за евроатланските интеграции на земјава и регионот кои се предуслов за мирот и стабилноста.
„Средбата со претседателот на САД Џо Бајден, на Самитот на НАТО, беше можност накратко да поразговараме за важноста на европските и евроатлантските интеграции на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан како еден од предусловите за обезбедување на мирот, стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот“, напиша Ковачевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа