ФОТО: Лудуваа на јахта- Џенифер Лопез и Бен Афлек после 19 години ја оживеаја култната сцена

Старо-новата двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек го минуваат својот летен одмор на Медитеранот.

Иако со недели се зборуваше дека поранешните партнери ја „разгореле“ старата љубов, една фотографија ги врати спомените од периодот кога Џеј Ло и Бен беа златниот пар на Холивуд.

Џенифер Лопез и Бен Афлек беа фотографирани на 24 јули во Сент Тропе на јахта на прославата на 52-от роденден на пејачката. Папараците се обидоа да го забележат секој можен момент од прославата, но и бакнежите и прегратките помеѓу Бен и Џеј Ло, а една сцена го привлече вниманието на сите.

Имено, во познатото видео за хит-песната „Jenny from the Block“ има сцена на јахта во која Бен го допира, па дури и сака да го гризне задникот на својата сакана.

Мајсторите на шоубиз Бен и Џеј Ло, многу свесни дека се фотографирани на јахта, 19 години подоцна ја оживеаја култната сцена за папараците.

 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Evan Ross Katz (@evanrosskatz)

27.07.2021 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега