(ФОТО) Министерот Алиу на Фејсбук порача: „Историски ден, пријатели“

 

Министерот Азир Алиу – еден од двајцата министри од Алијансата за Албанците чиешто разрешување е на дневен ред во Собранието, на социјалните мрежи сподели фотографии од мониторот во пленарната сала.

Тој на Фејсбук напиша: „Историски ден, пријатели“

На пленарната собраниска седница која во моментов е во тек, прва точка на предлог-дневниот ред е предлогот за разрешување на министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити од редовите на Алијанса за Албанците. Двајцата застанаа зад партискиот лидер Арбен Таравари, кој се залага партијата да настапи заедно со албанската опозиција на претстојните избори.

Барањето за нивно разрешување го достави претходно до Собранието, техничкиот премиер, Талат Џафери.

09.02.2024 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега