ФОТО: Министерот Николовски си доби мед од Атиџе

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ја посетил Атиџе од „Медена земја“, во селото Дорфулија. Информацијата ја соопшти на Фејсбук, а си доби и подарок мед.
„Кај нашата Атиџе, нашата медена Атиџе од село Дорфулија. Многу слушнавме за нејзиниот тежок живот, за нејзината љубов кон пчелите и природата, но и за перспективите кои се отворија откако народот, светот, дозна за неа.
И како што вели и самата:
"Од пчелата, МЕДЕНА ЗЕМЈА добивме, и куќа добивме, и големи пофалби за нашата Македонија".
Голема чест ми направи што денеска бевме нејзини гости и пробавме од далеку прочуениот мед“, напиша министерот на Фејсбук.

15.02.2024 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега