(ФОТО) Мирно заврши протестот против прифаќање на францускиот предлог

 

Во мирна атмосфера и со присуство на голем број граѓани помина осмиот ден од протестите против францускиот предлог, чие евентуално прифаќање треба да доведе до кревање на бугарското вето и почеток на преговори за влез на земјава во ЕУ. Под мотото „Ултиматум, не благодарам“ и „Со фашисти не се преговара“, присутните излегоа да кажат „не“ како што велат за бугаризација на Македонија.

Граѓаните поддржани од опозициските ВМРО – ДПМНЕ и Левица, со повици за оставка не по 19 часот тргнаа од пред Владата кон министерството за правда а потоа и пред Собранието.

 

На денешниот протест немаше никакви инциденти, поминаа во мирна атмосфера.

11.07.2022 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега