ФОТО: Најпосакуваната актерка денеска полни 49 години, а и натаму изгледа како божица

Холивудската актерка Софија Вергара денеска полни 49 години.

Софија е една од дамите која не старее, односно како што годините одминуваа таа не се менува, а тоа го докажуваат и нејзините стари фотографии со кои неретко се фали на социјалната мрежа Инстаграм.

Така неодамна таа со следбениците споделила фотографија од 90-те на која позира на плажа во Мајами во црно бикини и во предизвикувачка поза која ги истакнува нејзините атрибути.

Латино заводничката добила многубројни допаѓања и комплименти, а многумина се согласни дека и денес изгледа идентично иако оттогаш поминале речиси 30 години.

„Најубавата жена, и натаму изгледаш прекрасно“, „Каква кралица“, „Ти не старееш“, „Кога сите би старееле како тебе“, „Воопшто не си се сменила“, биле само дел од коментарите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

На славната 49-годишна дама очигледно дека таквите комплименти ѝ годат, со оглед на тоа што често знае да објави провокативни фотографии од минатото.

Да ве потсетиме, Вергара кариерата како модел ја започнала на 17 години кога ја забележал некој фотограф на плажа, па набрзо потоа следеле реклами и други ангажмани.

Во текот на 90-те години се прославила во различни телевизиски проекти, главно шпански, а на почеток на 2000-те успеала да стигне и во Холивуд.

И, додека кариерата ѝ цветала, таа водела турбулентен приватен живот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Убавата актерка се венчала со својата средношколска љубов на само 18 години, а по една година го родила синот Манола. Сепак, бракот не потрајал, па набрзо Софија повторно била слободна.

Во 1998 година Колумбијката се соочила со голема трагедија - нејзиниот брат бил киднапиран и убиен, а тоа ја скршило од болка, ги спакувала куферите и заедно со мајката, сестрата и синот го продолжиле животот во Флорида.

Таа успеала да влезе со светот на шоубизнисот, но повторно наишла на животна препрека, во текот на 2002 година водела сериозна битка против канцерот во која излегла како победник.

Таа денес е венчана за нејзиниот колега Џо Манганиел кој важи за еден од најзгодните момци во Холивуд и уживаат во својот брак. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

10.07.2021 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега