(ФОТО) Новата девојка и мајката на Пике на заедничка прошетка

Шпанските медиуми неодамна објавија дека Шакира се степала со Монсерат Бернабеу, мајката на поранешниот партнер на Жерар Пике. Сега на интернет се појавија фотографии од новата девојка на Пике која ужива во друштво на неговата мајка.

Клара Чиа Марти и мајката на Пике беа фотографирани како се шетаат насмеани и расположени.

На една од фотографиите, Клара изгледа како да ја прегрнала Монсерат околу половината, додека Пике и неговиот татко исто така се шетале прегрнати.

На многумина не им се допаднаа овие фотографии како и однесувањето на Пике и Клара Чиа Марти.

-Додека ја малтретира бившата, овој изгледа се грижи за неа“, „Монсерат дефинитивно изгледа како свекрва каква што никој не би ја посакал“, „Само насмевни се свекрва, за неколку години или месеци нема да се смееш така“, „Најголемиот лицемер што сум го видел го видел“, се само дел од коментарите.

За потсетување, новинарката Лаура Фа тврди дека мајката на Пике од самиот почеток знаела за неговата врска со Клара и му помогнала тоа да го скрие од Шакира. Наводно, причината за ваквото однесување е тоа што Шакира никогаш немала добри односи со свекрвата.

29.03.2023 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега