ФОТО: Памела во бикини изгледа подобро од многу нејзини помлади колешки
Секс-симболот и холивудска актерка Памела Андерсон, која целиот свет ја памети по улогата на Си Џеј Паркер од серијата "Чувари на плажата", и ден-денес е во добра форма и има тело како на кое би и позавиделе многу помлади девојки.
Во интервју за "Fox News" таа зборувала за црвеното боди во кое таа трчала по плажата во Малибу, а таа сцена ја паметат речиси сите мажи, бидејќи нејзините облини дошле до израз.
Актерката открила дека и натаму понекогаш го носи тој црвен костим за капење.
„Го чувам во фиоката. Секогаш ми одговара. Го носев неколку пати само за да им го покажам на пријателите", рекла Памела.
Актерката постојано ни докажува дека и 23 години подоцна не се променила многу кога станува збор за нејзиното тело.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа