ФОТО: Папараци ја „уловиле" Викторија во костим за капење - верувате ли дека оваа жена има 46 години

Шведската манекенка била фотографирана во минијатурно бикини додека се фотографирала во Мајами.

Шведската манекенка, актерка, пејачка и телевизиска личност Викторија Силвстед привлекува внимание каде и да се појави, а тоа повторно го направила на балкон во Мајами.

Имено, познатата Плејбој зајачица е фотографирана од страна на папараци на една тераса во Мајами, каде позирала во бикини и го привлекувала вниманието на сите минувачи кои ја виделе.

Славната старлета изгледа многу убаво во розов едноделен костим за капење, а притоа ги истакнала своите атрибути. Во прв план, како и секогаш, биле нејзините гради и деколте, додека ги истакнала и своите долги, затегнати нозе.

Викторија во последните неколку месеци се здебелила пар килограми, па сега е видлив и нејзиниот долен стомак.

Швеѓанката во 47-мата година од животот секако изгледа совршено, па и натаму е сон на бројни мажи ширум светот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега