(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ: Заради неспособноста на СДСМ македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот

 

Заради неспособноста на СДС македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот. Цената на струјата во Македонија, која ја плаќаат граѓаните 89.5 евра за мегават час, и е убедливо најскапо од сите земји во регионот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните на Србија и Косово плаќаат 50% поевтина струја од граѓаните во Македонија. Имено цената на мегават час електрична енергија во Србија е 58.9 евра, а во Косово 55.5 евра, во споредба со нашите 89.5 евра. Поскапа струја плаќаат нашите домаќинства и од домаќинствата во Турција, каде струјата е 74.8 евра за мегават час, односно 15% помалку во однос на Македонија. БиХ и Црна Гора исто така имаат поевтина струја од Македонија, околу 15%“ -анализираат од партијата, се вели во дописот од опозициската партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, струјата е скапа зашто, како што велат, власта го занемари домашното производство.

-Од некогашните 6 терават часови произведена струја сега не можат да се произведат ниту 4. Владата не го оптимизира производството, и ја донесе Македонија и граѓаните во полоша положба од граѓаните на државите од регионот, велат од партијата.

08.10.2022 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега