(ФОТОГАЛЕРИЈА) Трамвај излета од шините:Три лица загинаа, повеќе од 20 повредени
Најмалку три лица загинаа денес, а повеќе од 20 беа повредени кога популарната туристичка атракција во Лисабон, жичарницата Глорија, излета од шините и се урна, соопшти португалската полиција.
Фотографиите од местото на настанот ја покажуваат кабината на жичарницата слична на трамвај практично уништена.
„Она што можеме да го кажеме во моментов е дека има неколку жртви“, изјави шефот на противпожарната служба во Лисабон.
03.09.2025 - 20:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа