(ФОТО+ВИДЕО) Апасиев го конфискувал USB-то со бугарски провокаторски песни во Благоевград

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, синоќа во Благоевград од групата провокатори го одземал USB-то преку кое домашните бугарски провокатори пуштале фашистичка музика при отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.

За време на отвортањето на клубот имаше мал инцидент кога групата домашни провокатори се обиде физички да се пресмета со Апасиев бидејќи тој успеал некако да им го одземе USB-то преку кое на бежичен звучник бугарските провокатори ги провоцирале Македонците пуштајќи бугарска фашистичка музика.

Апасиев на социјалните мрежи се пофали со конфискуваното USB и најави дека ќе го форматира за да ги снема песните кои го глорифицираат фашизмот.

31.10.2022 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега