Гајдов: Мицкоски никогаш нема да биде премиер

Новинарот и аналитичар Њубомир Гајдов во вчерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5 ТВ изјави дека Американците му кажале на Мицкоски дека никогаш нема да биде премиер.

– Опозицијата на чело со Мицкоски, тој машинскиот инженер што се прави глобален стратег, економски мислител, што ќе стигне зборува, тој знае дека е готов. Дури и даде изјава, ако еден мој пратеник даде глас за промена на Уставот јас ќе се повлечам за навек од политика. Него му е речено он не момже никогаш да биде премер, се знае кој му рекол, Американците.

Па момже ли толку да биде наивен, да не речам незрел, да оди вечерта да му честита победа на Орбан што е главен човек на Путин во Европа? Тоа се вика бакнеж на кобра. Да си го земе дома ако му е личен пријател не да му честита и да се бацува, вели Гајдов во госутвање во емисијата “Само вистина” на Канал 5 телевизија.

01.11.2022 - 17:57
Фото: 
Принтскрин Канал 5

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега