Ѓорческа избори полуфинале на турнирот во Букурешт

 

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја продолжи серијата победи на турнирите во Романија. Таа денеска во четвртфиналето на фјучрс турнирот во Букурешт со сигурна игра стигна до триумф против Лаура Хиетаранта од Финска со 2-0 во сетови (6:3, 6:3) за два часа игра. Во полуфиналето Ѓорческа која е рангирана како четврта носителка ќе игра против првата носителка Деспина Папамихаил од Грција.

Во првиот сет македонската тенисерка имаше три брејка наспроти еден на ривалката и по 3:3 во гемови со серија од три гема успеа да го добие сетот со 6.3 во гемови и да поведе со 1-0 во сетови. Во вториот сет противничката поведе со 2:0 во гемови, но до крајот на сетот македонската тенисерка и препушти само еден гем, притоа имаше два брејка за конечни 6:3 во вториот сет или 2-0 во сетови.

Нејзината утрешна противничка Папамихаил во три сета со 2-1 во сетови ја совлада Марија Попа од Романија. Во меѓусебните мечеви скорот е 3:1 во победи за Ѓорческа, која ја победи Папамихаил претходниот месец во Куршумлијска Бања.

Турнирот во Букурешт се игра за награден фонд од 60.000 долари.

12.09.2025 - 23:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега