Ѓорчев до Ковачевски и Пендаровски: 40% деца помалку, најголем демографски пад во светот

Изминативе 7 години со политиките на Таче Ковачевски, Стево Пендаровски и Зоран Заев Македонија е земјата со најголем демографски пад на светот. Падот од 2016 година, први квартал до први квартал оваа 2023 година во родени деца е фрапантни 40%, 40% помалку родени бебиња. Нема земја во светот кај што има ваков ужасен пад како Македонија, изјави на денешната прес-конференција Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека тоа значи дека од Македонија се случува егзодус, иселување и заминување.

-Тоа значи дека Таче Ковачевски, Стево Пендаровски и Зоран Заев заеднички ги демонтираа сите политики кои што им помагаа на семејствата, на децата и на мајките. Тоа значи дека со овие 40% помалку родени бебиња во Македонија ќе имаме празни училници, празни училишта, наставници кои што ќе немаат доволно часови. Тоа значи дека ќе имаме празни улици и празни градови и села.

Први квартал 2016 година во Македонија имало 5.600 родени бебиња, овој прв квартал 2023 имаме само 3.600 родени бебиња. Тоа е фрапантен пад во само еден квартал, во само три месеци од 2.000 помалку родени бебиња. 2.000 бебиња, тоа се 100 паралелки помалку. 100 паралелки помалку да ги наредите една по една е 1 километар празни училници. 1 километар празни училници во која што нема ниту едно дете, само празни клупи и празни столчиња. Тоа се бројките, тоа е статистиката, тоа се фактите пред кои што секој мора да молчи.

Таче Ковачевски и Стево Пендаровски со око не трепнуваат за овие состојби. Ова е една македонска трагедија која што ги засега сите региони во Македонија, сите општини, сите градови, сите училишта, сите етникуми и сите населени места.

Стануваме земја без народ, пуста земја во која што нема млади, во која што нема детски џагор.

Изминативе седум години, со бројки Македонија е земја со најголем демографски пад од 40%, никој во светот нема паднато толку. Во Македонија имало и војни и кризи и падови, но ваква работа никогаш немало. Овој зулум кој што сега и се прави на Македонија, со тоа што Македонија се празни како никогаш порано е незабележан во македонската историја. Ако Македонија сака да живее, а сака, ако Македонија сака да напредува, а треба и сака да напредува мора да ги порази политиките на Таче Ковачевски, Зоран Заев и Стево Пендаровски, час поскоро, нагласи Ѓорчев.

02.06.2023 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега