Ѓорчев: Во 2010 година набавивме 25 сервисни возила, „Заевистан“ нема набавено ништо
Во 2010 година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, набави 25 сервисни возила, посочи на социјалните мрежи, Влатко Ѓорчев.
Тој појасни дека 15 од нив биле пожарни за урбана средина, 10 специјализирани за шумски пожари, како и три авиони „Ер Трактор”. Исто така споменува дека во тој период биле набавени седумдесет нови возила за прва помош.
„Заевистан’ нема набавено ништо, освен лимузини за функционерите. Буквално пустош и пепел“, обвини Ѓорчев на „Фејсбук“.
12.08.2021 - 18:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа