Ѓорѓиевски најави Расадник со ново зеленило и 3500 паркинг места за жителите на Кисела вода

 

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска најави два крупни проекти.

-Наназад со години, почитувани, Кисела Вода го губи аспектот за квалитетно урбано живеење поради прекумерното градење на згради, кое постојано си го зема својот данок низ Кисела Вода, за да сега нашите сограѓани имаат сериозен проблем со паркинг местата за своите автомобили.  За тоа во консултација и со граѓаните на Кисела Вода, но и со тим на стручни лица, јас заедно со мојот тим како градоначалник имам сериозен план и проект и заедно со вас ќе го решиме проблемот со паркинг местата во Кисела Вода. Согласно проценките и потребите на вас граѓаните, ќе направиме нови 3.500 паркинг места кои ќе го решат проблемот со паркирањето на околу 2.500 домаќинства низ нашата општина. Според нашиот проект ќе направиме монтажни паркинзи, кои ќе ги интегрираме на локации каде е најпотребно сразмерно потребите на граѓаните, и со ова ќе почнеме да решаваме еден од клучните проблеми на сите наши сограѓани овде во Кисела Вода. Со ова, почитувани, сакам да ви гарантирам дека проблемот со паркинг местата за сите жители во Кисела Вода ќе биде сведен на минимум и повеќе нема да имате проблем и да кружите со часови, во доцните часови за да паркирате, вели Ѓорѓиевски.

Вториот крупен проект, според него, е урбанизација на Расадник.

-Втор и крупен проект кој ќе го реализираме јас и мојот тим е меѓународниот конкурс за идејно решение за урбанизација на Расадникот во Кисела Вода или место познато како Расадник, место кое актуелната власт сакаше целосно да го бетонизира за провизии. Нас почитувани не ни се приоритет провизиите и не ни е приоритет да направиме хаос со 100-тина згради. Нам ни е приоритет рамномерен, плански и развој со многу зеленило. Бидејќи истото го ветуваме во нашата програма и се обврзуваме за тоа. Затоа Расадник ќе биде даден односно за Расадник ќе биде спроведен меѓународен конкурс каде што ќе можат и од земјава, но и од странство да конкурираат со проектно идејно решение и најдоброто решение ќе биде прифатено и ќе се реализира со нормален број на објекти и уште поголем број на паркови и зеленило како што и доликува на една општина како нашата Кисела Вода. Наместо бетонизација и силување за провизии, треба да направиме населба атрактивна за живеење, населба која ќе нуди хуман пристап и многу, многу зеленило. На крајот од денот, јас не можам искрено да ги разберам како овие луѓе сакаат да направат целосна бетонизација и да изградат толку многу бетон, ако на крајот на денот ниту нивните, ниту нашите дечиња ќе немаат каде да се движат и каде да играат, рече Ѓоргиевски.

Вели дека потребен е хуман однос кон Кисела Вода, а не силување и бетонизација.

 

28.09.2021 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега