Глас за Македонија не го признава преспанскиот договор

Преспанскиот договор го ‘реши’ проблемот со Грција со поништување на Македонците во и надвор од државата, стои во партиското соопштение од партијата „Глас за Македонија“

„Преспанскиот договор го крши основното право на еден народ на самоопределување;

Преспанскиот договор е донесен со кршење на Меѓународното право и на Виенската конвенција;

Преспанскиот договор е донесен со кршење на волјата на преку 60% од граѓаните, јасно изразена на последниот референдум;

Преспанскиот договор згазна на светите постулати од АСНОМ кои беа вградени во нашиот Устав;

Преспанскиот договор нè претвори во непостоечки Северномакедонци;

Преспанскиот договор ја отвори Пандорината кутија на Балканот каде што веднаш се појавија идеи за „големи држави“, како великобугарската идеја;

Преспанскиот договор, наместо да донесе стабилност и напредок на државата, доведе до нестабилност и повампирување на апетитите на некои соседи за кои мислевме дека се минато;

Преспанскиот договор е сега претекст за уцени од страна на Бугарија, наше блокирање и присвојување. Ете тие се „придобивките“ од насилно (буквално) донесениот договор.

Овој „договор“ е извор на нестабилност и ја загрозува безбедноста во регионот. Македонското прашање, наместо да остане затворено, сега е повторно отворено. За последиците некој ќе мора да одговара. И тоа не со замрзнување на имоти во САД, туку пред нашите судови.

Црните листи да се задржат на рак-раната на целиот Западен Балкан, а тоа е корупцијата во највисоките ешалони на власта. Токму таму е изворот на нестабилност, несигурност и економско назадување“, се наведува во соопштението на Глас за Македонија.

10.06.2021 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега