Гласаше на референдумот и го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ: Рангелова ослободена од обвинението за „Насилство во Центар“ – сега ќе се пресметува со Мицкоски

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Даниел Рангелова се спаси од обвинението за предметот за наводното насилство во општина Центар во кој повеќе функционери на ВМРО-ДПМНЕ се товарат за организацијата на протестите во 2013 година.

Даниела Рангелова е единствената меѓу ослободените која јавно се спротивстави на својата партија и една од ретките партиски функционери на опозицијата која излезе на гласање на референдумот спротивно на повикот на партијата да се бојкотира изјаснувањето за промена на Уставното име.

Поранешната пратеничка и некогашна советничка во општина Центар денеска вели дека правдата излегла на виделина и дека сега никој нема да може да ја обвинува дека се пазарела.

“Верувам во судскиот систем и драго ми е што излезе вака.  Ќе им порачам само на оние сведоци кои што лажно сведочеа против мене, нека им служи на чест, без да навлегувам во нивните лични намери. Бев обвинувана дека се пазарам,сега ја докажав правдата. Сега можам слободно да возвратам на сите што ќе ме нападнат. Да не бев во овој обвинителен акт ќе можев многу послободно да делувам изминатиов период бидејќи бев повикувана дека ќе се пазарам. Сега си ја докажав правдата и сега можам слободно да се пресметам со тие што ме обвинуваа. Жал ми е што требаше четири години да се докажуваме, но со овие аргументи сега излегува токму она спротивното што тврдеше Мицкоски и компанија и сега можеме лично да се пресметаме на еден дуел. – рече Рангелова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа