Го открила германската полиција на „Телеграм“: Скопјанец фатен со тон детска порнографија

 

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 27-годишниот Ф.М. од Скопје, осомничен за продолжено кривично дело – производство и дистрибуција на детска порнографија.

Според обвинителството, осомничениот во подолг временски период поседувал и разменувал фотографии и видеа со детска порнографија преку интернет апликации, веб-страници и форуми. Материјалите биле зачувани на неговиот мобилен телефон и таблет.

Истрагата е покрената по добиена информација од германската полиција, која идентификувала профил на апликацијата „Телеграм“ со телефонски број и ИП-адреса од Северна Македонија.

По наредба на Основниот кривичен суд – Скопје, извршен е претрес во домот на осомничениот, при што се пронајдени и одземени докази.

Ф.М. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба. Обвинителството предложи мерки на претпазливост, вклучително и забрана за користење интернет апликации и комуникација со лица со кои разменувал нелегален материјал.

22.08.2025 - 10:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега