Го премостиле броилото со бакарни жици, двајца стружани заработија кривична пријава за кражба на струја

 


СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ч.И.(83) и Ф.И.(45), двајцата од с.Корошишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

На 17.01.2025 била извршена контрола на објект во Струга, при што било констатирано дека пријавените го прекинале доводниот кабел до електричното броило и на него поврзале бакарни жици со кои се премостувало елетричното броило да не мери потрошувачка.

02.09.2025 - 13:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега