Шукова и Трајановски го поддржаа протестот за Вардариште
Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, и кандидатот за градоначалник за Аеродром од СДСМ, Александар Трајановски вечерва дадоа поддршка на граѓаните кои протестираа против загадувањето од Вардариште.
Ако навистина верува во својата идеја за парк на Вардариште, зошто Орце Ѓорѓиевски кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, не дојде вечерва меѓу граѓаните и не им ја претстави својата идеја дека од депонијата ќе направи парк.
Граѓаните заслужуваат одговори, а не манипулации и лаги од Орце Ѓоргиевски кои го навредуваат секого кој протестира и се бори за здрав воздух и здрава животна средина.
За разлика од него, Шукова заедно со Трајановски, беа вечерва на протестот за да им дадат поддршка на граѓаните и да понудат вистински решенија.
,,Не треба да се чека да поминат изборите, треба да се делува сега, да се делува веднаш. Треба да се превземат брзи мерки како оградување на Вардариште, 24 часовен надзор за да се заштити од палење, да се истапи на терен тоа е примарно, а потоа да се разгледуваат физибилити студии-истакна Трајановски.
Кандидатката за Скопје, Шукова истакна дека на контаминирана површина не може да се направи парк како што ветува Ѓоргиевски, почвата е контаминирана и треба многу време за деконтаминација.
,,Во втората фаза следува изградба на современа претоварна станица, целосна санација на локацијата и воспоставување модерен систем за управување со отпад, со постојан надзор" рече Шукова.
ВМРО ДПМНЕ за четири години не направи ништо со Вардариште, градот се гуши во ѓубре и чад. Ѓоргиевски ги замајува граѓаните потценувајќи ги дека сите лаги ќе му поминат, но никако да излезе пред граѓаните и да ги поддржи. Како и неговите сопартијци, актуелните градоначалници на Аеродром и Гази Баба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа