Голема трагедија: Холивудски продуцент ненадејно почина на 44-годишна возраст

Холивудскиот продуцент Кевин Турен ненадејно почина на 44-годишна возраст.

Татко му ја потврди оваа тажна вест и објави дека сѐ уште не е откриена причината за смртта на синот.

„Кевин беше толку посебен, овој свет ќе биде празен без него“, рече татко му, пренесува „Дејли мејл“.

Кевин Турен ги продуцира „Неподносливата тежина“ на Николас Кејџ и Педро Паскал, „Икс“ со Миа Гот во главната улога и „Еуфорија“ и „Идол“ на „Ејџ-би-о“.

13.11.2023 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега