Голема трагедија во Србија: Осмооделенец скокнал низ отворен прозорец во училиште, по што починал

Голема трагедија денеска ја потресе соседна Србија, откако осмооделенец скокнал од прозорец од училница во основно училиште во Качарево.

Овој немил настан се случил околу 12.30 часот, а го пријавил припадник на обезбедувањето. Момчето скокнало од вториот кат на зградата.

– Прозорецот беше отворен, а момчето од чиста смиреност скокна низ прозорецот за време на часот по германски јазик, пред пријателите и професорката, изјавил изворот на српски „Блиц“.

Според неофицијални информации, момчето потекнува од семејство во кое немало никакви проблеми.

29.03.2023 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега