Гори во Куманово, Старо Нагоричане, Дојран и Чашка

 


До 12:30 часот, во Македонија регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, четири се активни, шест се под контрола, а два се локализирани. Исто така, два пожари се веќе изгаснати.

Активни пожари

Општина Дојран: Пожар во нискостеблеста шума кај село Николиќ.

Општина Чашка: Шумски пожар под Солунска глава, помеѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка. На оваа локација нема активен пламен, но има чад во карпестиот дел.

Општина Куманово: Пожар на ниска вегетација во местото Преовце-Куманово.

Општина Старо Нагоричане: Пожар на ниска вегетација во село Ругинце.

Шест пожари се ставени под контрола, сите во различни локации:

Општина Македонски Брод:

Пожар на ниска вегетација помеѓу село Рамне и село Ковче, кој се проширил од фабриката Самоков.

Пожар на мешана шума во село Слатина.

Пожар на нискостеблеста мешана шума кај Слатински извори, село Слатина.

Пожар на ниска вегетација во кругот на фабриката СУМБРО.

Пожар во деградирана дабова шума и грмушки помеѓу село Црешнево, село Крапа и село Локвица.

Општина Чучер Сандево: Шумски пожар помеѓу село Блаце и село Горњани, во местото Рамна шума.

Локализирани:

Општина Прилеп: Приземен пожар во мешана шума во село Бешиште, место Бешишки Рид

Општина Свети Николе: Пожар на ниска вегетација и стара напуштена куќа во село Делисинци.

Изгаснати:

Општина Чучер Сандево: Пожар на ниска вегетација кај црквата Свети Тројца.

Општина Македонски Брод: Пожар на нискостеблеста шума во село Белица.

11.07.2025 - 13:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега