Град Скопје отпочна со изградба на новиот мега-парк во Кисела Вода

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид во отпочнувањето на градежните работи на новиот мега-парк во општина Кисела Вода.

 

„Со желба и посветеност ја отпочнавме изградбата на четвртиот од 5те мега паркови во Скопје, мега паркот во општина Кисела Вода кој ќе се простира на површина од 52.000 квадратни метри. Со реализација на овој проект кој е дел од програмата „За модерно Скопје“, делуваме со цел долгорочно унапредување, заштита и зачувување на животната средина“, истакна градоначалничката Арсовска.

„Во паркот се покрај зелениот појас, дрвјата и садниците, предвидена е изградба на пешачки патеки и паркинг за посетителите, урбана опрема и парк за миленици. Посветено се работи на подигнување и уредување на зелени, модерни и еколошки содржини во градот кои се дел од долгорочните решенија за почиста животна средина и почист воздух за граѓаните на градот Скопје.

За прв пат по децении завршени се три мега-паркови и тоа во Ѓорче Петров на површина од 32.000 метри квадратни, Аеродром на површина од 27.000 метри квадратни, и во Чаир на површина од 30.000 метри квадратни, а во тек е изведбата на мега-парковите во општина Карпош од 86.000 метри квадратни и Кисела Вода од 52.000 метри квадратни“, велат од Град Скопје.

12.12.2023 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега