Градоначалник во Скопје на место на депонија, ќе прави парк

 

Општина Кисела Вода денес започна со чистење на дивата депонија во месноста викана Дупки во населбата Драчево. Ова е првиот чекор кон финалното отстранување на сите депонии во општина Кисела Вода, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој беше на терен заедно со службите.

 -По целосното расчистување на ова место, на површина од околу 4.000 м2, ќе се направи зелен парк кој ќе нуди и многу дополнителни содржини. Ќе се изгради детско игралиште, катче за пензионери, ќе се постават клупи и корпи за отпадоци. Ова е првиот чекор кон финалното отстранување на сите депонии во оваа општина. Кисела Вода мора да биде чиста општина, затоа што тоа го ветивме и на тоа се обврзавме- подвлече градоначалникот Ѓорѓиевски.

02.11.2021 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега