Грција: Позитивни на коронавирусот 36 туристи, повеќето Срби

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 43 нови случаи на Ковид-19, од кои 85 отсто, односно 36 се туристи кои влегле во земјата, соопшти Националната организација за јавно здравје на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, сите 36 позитивни случаи се од тестовите направени на граничниот премин Промахонас (Кулата) на границата со Бугарија, а 20 од нив се српски туристи.

Грчката Влада вчера соопшти дека од шест часот утрово до 15 јули 2020 година во Грција ќе биде забранет влез за државјани на Србија, врз основа на анализата на епидемиолошките податоци.

Како што утрово објави МИА, на граничниот премин Промахонас (Кулат) што воедно е и единствениот отворен за влез на туристи, голем број српски државјани уште на полноќ пристигнале, во обид да влезат во Грција пред шест часот, односно пред да стапи во сила забраната за влез.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа