Конечно разладување - После топлотниот бран голем пад на температурите

Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб јужен ветер, информираше УХМР.
До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура насекаде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура.
04.07.2025 - 13:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа