Груби кажа кој е условот за да се добијат гласовите на ДУИ во вториот круг

Претседателот на државата во иднина да се избира во Собранието, ова е условот за да се добијат гласовите на ДУИ во вториот круг по завршувањето на претседателските избори, вели вицепремиерот за координација на политички прашања на ресорите и министер за политички систем Артан Груби.

Во вчерашното интервју на ТВ Сител Груби, одговарајќи на прашањето на кого ДУИ би му ги дала гласовите во вториот круг од претседателските избори доколку нивниот кандидат Бујар Османи отпадне во првиот, рече тоа ќе биде онаа политичка партија која ќе се заложи претседателот на државата во иднина да се избира во Собранието.

Груби  на прашањето дали во моментов ДУИ е поблиску до коалиција со ВРМО-ДПМНЕ или со СДСМ, избегна конкретно да одговори велејќи „од денешен аспект најблиску сме до коалиција со народот“.

Во врска со евентуалните коалициски комбинаторики по завршувањето на парламентарните избори, Груби рече дека ДУИ, заедно со „Европскиот фронт“, на претстојните парламентарни избори цели на освојување 20 пратенички места.

14.04.2024 - 11:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега