Груби: Опозицијата го злоупотреби Албин Курти со провиден патриотизам
Настаните поврзани со посетата на косовскиот премиер Албин Курти на општините Тетово и Чаир, според првиот вицепремиер Артан Груби се провиден патриотизам и фолклор и обид за да се злоупотреби присуството на Курти за придобивање на политички поени.
Тој по посетата на саемот за вработување на „Бехтел и Енка“, одговораше и на новинарски прашања поврзани со актуелната состојба во земјава кои произлегоа по постетата на Курти и обвинувањата на опозицијата за политички прогон и реваншизам.
- Секако дека треба да ги почитуваме институциите во нашата земја. Треба да ги почитуваме и знамето и химната и законските обрски при организација на настани. Сметам ова дека ова што се приредува е театар којшто е апсолутно непотребен. Тоа го прават во недостиг на проекти, во недостиг на идеи. Во недостиг на реализација тие прибегнуваат кон некој лажен фолклорен патриотизам којшто во 2023 година апсолутно е непотребен, изјави Груби.
Тој посочи дека премиерот Курти е добродојден и често доаѓа во Република Македонија, а двата настани имале локален карактер и во организација на двете општини, чии лидери се обиделе го злоупотребат неговото присуство за да се промовираат.
- Тие што го имаа покането Курти и што се обидоа да го злоупотребат за нивна политичко-партиска дневна агенда за да придобијат некој поен. Но, очигледно е дека профитираа, бидејќи името на улицата не е сменето од општината, туку е сменето од градот Скопје и од Владата на Република Македонија. Патот Тетово – Призрен не може да го прави општината Тетово, туку го прави Владата на нашата земја со Владата на Република Косово, рече Груби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа