Групна тепачка во Скопје- неколку лица пренесени во болница

 

Групна тепачка во Скопје била пријавена синоќа, по што биле повредени неколку лица и пренесени во болница.

„На 25.06.2020 во 02.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 02.00 часот во парк во близина на бензинската пумпа на бул.„Србија“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна расправија помеѓу К.И.(26) и Д.Љ.(22) двајцата од Скопје од една страна и непознато лице од друга страна, по што на местото на настанот пристигнале четири непознати лица со патничко моторно возило“ланчија“ кои со дрвени палки физички ги нападнале К.И.(26), Д.Љ.(22) и Д.А.(21) од Скопје кој се наоѓал во непосредна близина и по негово кажување не се познавал со останатите учесници ниту учествувал во претходната расправијата.“ велат од МВР.

Лицата со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде од доктор им биле констатирани повреди. На местото на настанот излегле полициски службеници до СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа