(ВИДЕО) Патниците скокаа од авионот за да се спасат - Драма на аеродромот во Мајорка

 


Вистинска драма се одвивала на аеродромот во Мајорка при што патниците на летот на „Рајанер“ беа принудени буквално да скокнат од авионот откако избувна пожар непосредно пред полетувањето .

Осумнаесет од нив се здобија со полесни повреди.


Пожарот избувнал кратко по полноќ на  аеродромот во Мајорка, а не е познато која била дестинацијата на авионот. Четири амбулантни возила и пожарникари веднаш биле испратени на местото на настанот.

Драматичната снимка ги прикажува преплашените патници покажува како патниците го напуштаат авионот преку крилото и скокаат на пистата на аеродромот во Палма де Мајорка.

Осумнаесет лица побарале лекарска помош поради повреди.

05.07.2025 - 11:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега